Вернисаж и други песни

/, Блесок бр. 56/Вернисаж и други песни

Вернисаж и други песни

Вернисаж 1, насреде
Вернисаж 2, со камен во јајцето
Свиленкаста тишина Избрани песни од „Од заедничката зима“, 1994
Секоја вечер се враќа Избрани песни од „Од заедничката зима“, 1994
Жените повеќе живеат Избрани песни од „Од заедничката зима“, 1994
Неделата е само вечност Избрани песни од „Од заедничката зима“, 1994
Крстови Избрани песни од „Од заедничката зима“, 1994
Самотијата е сила Избрани песни од „Од заедничката зима“, 1994

„… па велам, убаво е да се создава таква чиста
и сурова поезија…“
Ото Толнај

Така – дури побожно да се потшепне. Да се излезе,
да се влезе во каменот.
Преку допирите – врз кременот, врз гранитот – да се оближи гласот.
Во песокот
и во чакалот да се ора, со бел (мр)амор
да се загрева (себеси);

да се соедини во карпата, кајшто
пламенот постојано господари…
Во лискунот бдее изгревот
на сонцето, во базалтот
демне лавата;

главата,
домот,
улиштето.

Само така – со актот на Б-О-Ж-И-Ц-А-Т-А – речното корито на времето
да се заведува;
кон потеклото? Назад? До точката Ништо? Директно кон семето
на прото-видовите…! Сме м(и/а)кроскопски, сме
аква- и гео-
топични, сме. Додека не ни се расцепи
незапирливиот и сурово орфејскиот
календар на ужасот –

Идентитетот на рибите во струк-
турата на градините според
методот: coitus;
A.D. MMVI,

spiritus
sanc-
ti.

(На Умберто Ортега Виласењор; ноември 2006)

Превод од словачки: Звонко Танески

АвторСтанислава Хробакова Репар
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|