Секоја вечер се враќа
мракот
Овошјето ќе го голтне
својот нож
Тивка си
полумртва од спиење
Уште само миг со насмевката
што се заборавила во тебе
со запаленото око
во исправената глава
сè дури не згасне
силата на твојата крв
што е толку жива
и толку очајна
Превод од словачки на англиски: Павел Лукач.
Избор и превод од англиски: Магдалена Хорват.
Препев од словачки на македонски: Звонко Танески.