Апокрифна литература

/, Литература, Блесок бр. 27/Апокрифна литература

Апокрифна литература

Аскетите се одрекувале од сè на земниот свет, занемарувајќи ги сите животни потреби, животот го поминувале со пост и молитви, со самоусовршување спрема начелата на христијанската религија, со што се приближувале кон Бога, што претставувало идеал на аскетизмот. Хагиографиите биле насочени кон зацврстување на христијанските морални норми и оскудувале со историски податоци, зашто во прв ред биле животните начела до кои се држел аскетот. Спрема веќе утврдениот шаблон, хагиографијата била составена на тој начин за да може што повеќе да се глорифицира моралниот лик на светецот. Во хагиографиите се изнесувал животот на светецот од раѓањето па до смртта, со тоа што често се говори и за чудата што ги прави тој и по смртта. Обично, прво се опишува раѓањето и детството на светецот. Речиси во сите хагиографии светецот уште како дете покажувал богојазливост и религиозна наклонетост. Избегнувал да игра со други деца, медитирал, постел и се молел. Хагиографот обично ги потенцирал оние својства на светецот што биле во согласност со нормите на животот на христијанинот спрема христијанскиот канон. Хагиографот му придодавал на светецот натприродни својства, кои се манифестирале во создавањето ќуда. Во хагиографиите честопати е застапен дијалогот, а тоа создавало извесна динамика во раскажувањето. Монолозите се давале во форма на молитва, восхитување, тага, скршеност, биле целите исполнети со лирска патетика. Самото раскажување во хагиографиите било збогатено со богати споредби, реминесценции, епитети, симболи, метафори. Раскажувањето имало реторски карактер. Во епохата на развиените феудални односи во јужнословенските земји за светци биле прогласувани личности од највисоките општествени слоеви, од државната и црковната хиерархија, вклучувајќи ги тука пред сè владарите и црковните поглавари. Нивните животи се опишани во посебен книжевен вид – биографиите, кои се негувале во голема мера во средниот век.
Од преведените хагиографии најпознати биле: Животот на Ѓорѓи Кападокиски, животот на Павле Кесариски, животот на Алексеј, човекот божји и др.
Хагиографијата за св. Ѓорѓи Кападокиски
2F е позната според најран препис од XIV век. Првобитниот текст на оваа хагиографија се однесувал на св. Ѓорѓи, како на војник – светец, но во подоцнежните преработки, покрај основната фабула за жестоките измачувања низ кои поминал св. Ѓорѓи, одрекувајќи да се откаже од христијанството, во основата на оваа хагиографија влегла и епизодата за аждата, која го загрозила животот на царевата ќерка.
Легендата за животот на св. Ѓорѓи Кападокиски е обработувана не само во византиската, туку и во јужнословенската книжевност, како и во книжевностите на многу други народи. Ова е најубаво идеализиран тип на христијански херој. Ѓорѓи Кападокиски бил погодна личност за идеализиран борец за христијанството, бидејќи потекнувал, спрема преданието од високи општествени редови, од времето на најсилните прогони на христијаните.
Легендата кажува дека Ѓорѓи бил мошне богат човек, кој спрема начелата на христијанството, им разделил на сиромашните сè што имал и застанал отворено на страната на прогонетите христијани. Со тоа го разгневил царот кој наредил Ѓорѓи да се подведе на мачења, какви што можела да ги долови само фантазијата на средновековниот писател. Тој издржал најразновидни измачувања – сè додека мозокот не му потекол од ноздрите. Сето тоа Ѓорѓи го издржал, благодарејќи им на молитвите и на длабоката вера во Бога.
Царот најпосле го повикал и маѓионичарот по пат на маѓии да го одврати од христијанството. Меѓутоа, Ѓорѓи направил таков впечаток кај маѓоничарот што го замолил да го преведе во христијанство.
Легендата за Ѓорѓи Кападокиски се развивала и добивала различни епизоди. На феудалците им импонирала оваа личност, затоа што им припаѓала на високите општествени редови. Подоцна, анонимниот пишуваќи ја насликал оваа личност спрема вкусот и потребите на феудалното општество.
Друга преведена и популарна хагиографија во јужнословенската книжевност била хагиографијата за животот на св. Павле Кесариски.3F
Ракописот потекнува од XVII век, но судејќи според нејзината популарност секако дека била и порано преведена. Се работи всушност за популарниот расказ за родоскрвниот грев на античкиот крал Едип, пренесен на византискиот светец од VI век и христијанизиран. Родоскрвниот грев претставува еден од најтешките гревови дури и кога се прави од незнаење. Меѓутоа, христијанството го смета покајувањето на човекот заради сторениот грев за најважна етапа во самоусовршувањето на човековата душа. Во оваа хагиографија анонимниот писател истакнува дека и најстрашниот грев како што е родоскрвниот може да се покае ако човек му пристапи искрено и ако се владее според нормите на христијанскиот живот.
Античката легенда за родоскрвниот грев, како впрочем и христијанската, израснала од одговарачките општествени односи. Едип не знаејќи, се оженил со родената мајка и поднесувал тешки реперкусии заради таквиот престап. Таквите односи на синот и мајката се сметани за престап, веројатно во периодот на зацврстувањето на патријархатот. Меѓутоа, родоскрвниот грев прикажан во оваа хагиографија израснува од феудалните општествени односи.
Павле Кесариски е плод на грешен брак меѓу брат и сестра, царот и царицата кесариски, склопен свесно за да не се распарчува феудалниот имот. Веднаш по раѓањето Павле бил ставен во еден сандак и фрлен во море од каде се спасил по некое чудо. Бидејќи пораснал, се венчал со царицата кесариска, чиј маж умрел, не знаејќи дека таа му е мајка. Меѓутоа, Павле дознал за тоа, и пред да го стори гревот со својата мајка му се обратил на Јован Златоуст заради покајување.
Златоуст констатирал дека и самото венчавање со мајката е тежок грев кој бара соодветно искупување. Затоа, Златоуст се заклуѓил во мраморен столб, а клучевите ги фрлил во море. Клучевите биле пронајдени дури по 12 години и кога го отвориле мраморниот столб го нашле Павлета жив и посветен.
Крајот на оваа хагиографија им послужил на средновековните свештеници во своите проповеди на верниците да им укажуваат на значењето на покајувањето и на милостивоста на Бога кој ги простувал и најстрашните гревови на оние кои искрено се каеле.
Оваа многу позната христијанизирана легенда за Едиповиот грев влегла и во народната книжевност, во познатите песни за Наход Симеон, за цар Душан и за други.

#b
2. А.Б. Р.Eстенко, Легенда о св. Георгиj и дракон в Византискоj и славјaноруској литературах, Одеса 1909.
3. М. Драгоманов, СНУНК, V, 268-310< истото, бр. VI, стр.239-304< Н. А. Наќов, СНУНК, IX, 94< С. АргировŠ, СНУНК, VII, 556< А. И. ŸŸŸцимирски‡, Сборник Харчковскаго историко-филологиќеског општества 1909.

АвторДобрила Миловска
2018-08-21T17:21:48+00:00 август 1st, 2002|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 27|