Project Description
![Џејмс Реј Мусгрејв](https://blesok.mk/wp-content/uploads/media/authors/writers/james-ray-musgrave.jpg)
По искуството со прочитувањето на Камиевиот Странец (во оригинал насловен многу посоодветно, Туѓинецот) Џејмс Реј Мусгрејв ја започнал својата одисеја за да стане автор на „радстрим“ проза. Неговата книга „Дигитална цртичка: Писателски водич за електронски медиуми (The Digital Scribe: A Writer’s Guide to Electronic Media, 1996), е обид да се подучат технички загреаните личности да пишуваат со сиот свој мозок, а потоа неговите три романи имаа за цел да ги научат луѓето како да читаат со мозоци оштетени од американските „бестселери“. Меѓу објавените романи спаѓаат Гревовите на темнината, Руски волци, и Венчавката на Луцифер. Расказите му се објавени во голем број списанија и весници. Ова е негова прва објава на македонски јазик.
Во моментов ги подучува своите колеги луѓе во Сан Диего како да мислат (и, веројатно, да пишуваат) со нивните мозоци оштетени од американскиот систем К-12. Неговото мото е: Carpe nocto!