Николина Стојанова

/Николина Стојанова
Николина Стојанова 2018-08-21T17:18:17+00:00

Project Description

Николина Стојанова, откако го заврши средното образование во јазичната гимназија „Јосип Броз Тито“ во 2002 год, се запиша на додипломски студии на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, отсек француски јазик и книжевност. Во втората година од студирањето, се запишува на отсекот по општа и компаративна книжевност, како опција „Б“. По здобивањето со диплома, се запишува на последипломски студии на факултетот „Нова Сорбона Париз 3“ во рамките на универзитетот Сорбона во Париз, Франција во 2007 год. Моментално е запишана на докторски студии на катедрата по општа и компаративна книжевност во Скопје, и изработува докторска дисертација на тема: „Наративната структура во модернизмот и постмодернизмот низ неколку примери од сликарството и книжевноста“.
Таа работи како лектор по француски јазик на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и како овластен судски преведувач од француски и англиски јазик на македонски и обратно. Таа е дел од редакторскиот тим на две едиции кратки раскази ( „Американски бајки“ од Френк Баум и „Збирка кратки раскази за деца“ – електронско издание на Универзитетот Американ Колеџ Скопје). Како судски преведувач е ангажирана од страна на преведувачкото биро „Летра Преводи“. Од 2011 е ангажирана од страна на Советот за радиодифузија како преведувач од македонски на англиски и обратно.
Таа има издадено два научни труда: „ Допирните точки помеѓу литературата и сликарството“ во Културен живот, во 2009 год. и „Третманот на субјектот во Куцкамен на Хулио Кортасар“ во Книжевен Контекст 2012 год.
Нејзиното присуство е забележано на солиден број семинари, конференции и летни универзитети. Покрај овие активности, таа пишува активно за два месечни весници.

Related Articles