Project Description

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институтот за македонска книжевност, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“. Член е на ДПМ од февруари 2018 година. Покрај раскази, Пармаковска ги објавила и следниве романи: Сè уште можам нешто да сторам (2023 г.), На враќање (2020 г.), Одбројување (2017 г.), Вишнова хроника, (2014 г.), кој е преведен и на бугарски и украински јазик, како и романот Пишувајќи ги изгубените топки (2013 г.).Во 2017 ја добила наградата „Роман на годината“ за романот Одбројување. Претходно, во 2014 година, нејзиниот роман Вишнова хроника бил во финалето за истата награда. Минатата година ја добила наградата „Рациново признание“ за романот Сѐ уште можам нешто да сторам