Предраг Луциќ

/Предраг Луциќ
Предраг Луциќ 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Предраг Луциќ (1964 – 2018).
Основно и средно училиште (нешто слично на гимназија) завршил во Сплит.
Студирал театарска и радио режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Ги положил двата дипломски испити, а сепак останал апсолвент.
Режирал во Белград, Сплит и Тузла.
На Сплитско лето 1987 година го направил фестивалскиот весник Summer Times.
Од јануари 1985 повремено соработува во Ферал, сатирички додаток на Неделна Далмација.
Од 1988 до денес е постојан автор на Ферал.
Од истата година во Омладинска искра ја пишува колумната „Поинаку млад“, ја уредува културната рубрика и заебантскиот подлисток Le Spizd.
Во Неделна Далмација во 1989 почнува да работи како новинар, а со Виктор Иванчиќ и Борис Дежуловиќ го прошируваат Ферал, кој тогаш го добива своето полно име Feral Tribune. Есента 1990 со Ферал Трибјун се сели во Слободна Далмација, каде што работи како предвоен и воен репортер.
Во март 1993 ја напушта Слободна Далмација и со група колеги го основа самостојниот и суверениот сатиричко-политички двонеделник Ферал Трибјун.
Првите броеви ги потпишува како главен и одговорен уредник. Во декември 1993 Ферал Трибјун станува неделник, а од тогаш до денес Луциќ работи како уредник на списанието, автор на сатирични и ткн. Сериозни текстови, ги уредува веб страниците, креира фотомонтажи, испишува и уредува разни рубрики (Greatest Shits, На крајот на краиштата, Шемпјун, Тромблон, Информбиро…) а ја основа и ја уредува Библиотеката Ферал Трибјун.
Поетските, прозните и драмските текстови ги објавувал во списанијата Fantom slobode, Ars, Сараевски тетратки и Наше писмо.
Објавил:
Greatest Shits – Антологија на современата хрватска глупост (во коавторство со Борис Дежуловиќ), 1998, 1999.
Haiku haiku jebem ti maiku – голема Фералова песнарка, сатирични песни, 2003.
Ljubavnici iz Verone, 2008

Related Articles