Project Description
Иван Антиќ е роден 1981 година во Јагодина. Дипломирал на групата Српска книжевност и српски јазик со општа книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Ги има објавено книгите раскази Тонус (во едицијата Прва књига, Матица српска, 2009) и Мембрани, мембрани (Културни центар Нови Сад, 2016). Расказите му се преведени на англиски, германски, полски, словенечки, романски и албански јазик и се дел од прозната антологија на Бетон, Nga Bergradi, me dashuri – Tregimi i ri nga Serbia (Приштина, 2011), антологијата на младата српска проза Пукања (Пуцања, Белград, 2012) и словенечката антологија Iz jezika v jezik (Љубљана, 2014). Покрај пишувањето се занимава и со преведување од словенечки и работи како главен и одговорен уредник во издавачката дејност на Српскиот културен центар Данило Киш во Љубљана. Од 2012 година живее и работи во Љубљана.