Project Description
![Габриела Стојаноска-Станоеска](https://blesok.mk/wp-content/uploads/media/authors/writers/gabriela-sstanoeska.jpg)
Габриела Стојаноска-Станоеска (Прилеп, 1978) дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Уредник е во списанието за книжевност „Стремеж“. Објавува поезија, проза и литературна критика во периодиката. Добитник е на првата награда на списанието „Студентски збор“ за најдобар краток расказ. Нејзината драма На паркингот е објавена во списанието „Стремеж“.