Project Description
Валентина Миронска-Христовска (1963, Скопје), научен советник во Одделението за македонската литература во XIX век при Институтот за македонска литература, Скопје. Области на истражувачкиот интерес: македонската литература (од XIX век и современата литература), компаративната книжевност, историја на македонската литература, историја на филозофијата и културолошките концепти.
Објавени книги: Македонските преданија за места (2000); Литературното дело на Евтим Спространов (2004); Просветителството во Македонија (2005);
Македонската преродба (2007); Македонското прашање во литературниот XIX век (2009); Литературни студии за македонскиот идентитет (2012).