Ана Франговска

/Ана Франговска
Ана Франговска 2021-03-25T14:25:18+00:00

Project Description

Ана Франговска, виш кустос (р. 1978, Скопје)

Креативен и динамичен уметнички професионалец со дваесет годишно кураторско, едукативно и истражувачко искуство во современата визуелна уметност. Вработена како виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија веќе 15 години. Таа е докторски кандидат по трансдисциплинарни студии за современа уметност и медии при Факултетот за уметност и медии во Белград. Поседува ефективни вештини за воспоставување на односи со јавноста, вклучувајќи и доставување формални презентации, писмена комуникација, како и планирање и спроведување на уметнички маркетинг кампањи. Селектирани меѓународни кураторски проекти: „Во потрага по заедничко тло 2“ (заедно со Бојана Јанева Шемова), македонска современа уметност, Хале 50, Минхен, 2017; „Есенција на егзистенцијата“ (заедно со Маја Чанкуловска – Михајловска и Горанчо Ѓорѓиевски), изложба на современа македонска уметност, куќа за уметност и луѓе Лауба, Загреб, 2015; „Утопија“ меѓународна концепциска изложба, Мултимедијален центар Мала станица, Скопје, 2015; „Во потрага по заедничко тло“ (заедно со Бојана Јанева Шемова), македонска современа уметност, Центар за современа уметност, Баку, Азербејџан; „Transfiguring“, групна концептуална изложба на современата македонска уметност, Чешки центар Прага, Прага, Република Чешка, 2014; „Breat и Sault“, групна концептуална изложба на современата македонска уметност, Палата Porcia, Виена, Австрија, 2013; „Silentio Pathologia“, Елпида ХаџиВасилева, Павилјон на Република Македонија на 55та Меѓународна ликовна изложба ла Биеналето ди Венеција, Италија, 2013 година; „Црно и бело или не“, групна изложба на современата македонска уметност, CAM, Casoria музеј на современа уметност, Наполи, Италија, 2013; „Одлучувачки критериуми за избор“, Фламанско Министерството за надворешни работи, Белгија, 2008; „Источните соседи“, Културен центар Вавилон, Утрехт, Холандија, 2006; „Уметничка размена“ 2004, Културен центар на Angels Gate, Сан Педро, Лос Анџелес, САД, 2004 година; 10 македонски уметници во есенски салон, Париз, Франција, 2002 и др. Од 2012 е ко-оснивач и член на институтот за уметност и култура Арс Акта. Ја води Ликовната колонија во Галичник, која постои 31 година.

Related Articles