Голотијата е пулсирачки говор.
Огледалото е шупливо тело.
Маргрет Крејдл
О
ооо,
окото е;
поток
(на потомците
и на предците); толку
разлеано што и душата
стенка под Еросот.
… Насреде: ти и јас, обете –
јас. Чеканче, наковална. Узен–
гија, божји дар. Дури телото преку
увотото на праисторијата не го открие
невидливото.
Со калеидоскоп од метафори,
со бои. Со Ich -form дефицијата, од која
ќе преживее само точката.
Да не се доткајува текстот – и да се почека
на смислата всадена во телото на оргастично немите зборови.
(На Умберто Ортега Виласењор; ноември 2006)
Превод од словачки: Звонко Танески