3 песни

3 песни

Мултиделириумската оаза на Ист Вилиџ
Молекул
Еволутивен стоп

се сеќавам како еден млад уметник
од Ист Вилиџ
ме праша што тоа јас не сакам да кажам со својата поезија,
за да потоа ме однесе во нереалниот свет на боите
кои, пак, испомешани со моите, стиховите,
да може да родат уште едно сонце,
и така се спасат сите кои го посакуваат тоа,
кои цел живот творат на Ист Вилиџ
за да го родат сонцето по-ново,
или, хокус-покусот да им успее,
за да се живее едноставно,
а богато,
раскошно,
за да не бегаат од сегашното кое многу пече,
а и озонот е против нив,
па и мултиделириумската оаза
наполнета со кафе и шверц
продава вода во пластични чаши,
а сите се наши,
и никој не е,
и што ми е гајле за сидата,
и што ќе те чува кондомот,
а каде е метлата, јазикот
јазикот на уметниците,
на одметниците,
кои за вреќа брашно убиваат човек,
и сè така еден цел човечки век,
и нема лек,
нема лек за пастелните бои на стиховите
кои многу ги преокупираат главите,
нивите, двоседите и троседите,
и кондомите кои лесно пукаат,
па уметниците кукаат,
но нема кој да ги слуша кога играат бриџ,
па и не мора,
и така тоа е Ист Вилиџ,
држава на уметниците.

АвторОктај Ахмед
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Поезија|