Поeзија – Телос Филис

/, Литература, Блесок бр. 153/Поeзија – Телос Филис

Поeзија – Телос Филис

Портокалова боја
Еден од оние
Радоста е знаење
Молчалив
Малата куќичка
Грчкиот начин
Ти викам
Фашизмот не е збор
40°C
Август


Портокалова боја

Портокалов елек за спасување не е гласачко ливче
тоа е парче ткаенина, тоа не е златното руно
никој нема да организира.
аргонаутска експедиција
за да го врати назад
ќе остане на брегот, за да го однесе морето,
за да не се сеќаваме како и зошто,
ќе остане без број на протокол во Историјата.

Ова е сѐ што останува од Одисеја, страница 35,
втор став од човековите права.
не можам да ги издвојам зборовите, водата го разлеа мастилото

Портокалов елек за спасување е материјал од соништата
што се валка во реалноста
ова е неизбежен очај,
што не води сметка за последиците од неговото бегство

Портокалов елек за спасување се годинешните ластовички
што ќе дојдат да градат гнезда од почеток,
без размислување за микроклимата на пределот,
ако ја преживеат неволјата/кризата.

Портокалов елек за спасување не се плаши од пандемијата
вакцините, затвореноста, висцералната меланхолија.
Се плаши од одделенијата на интензивното недоразбирање,
профит, економија и лицемерие
од регрутирањето за репресија
од рамнодушноста спрема здравјето

Портокалов елек за спасување на брегот,
тоа е сѐ што може да даде алиби за егзистенција
целата држава,
која бавно им суди на криминалците
ги остава слободни убијците,
но останува некорумпиранаа,
со ножот на правдата во рака,
во институции и во законската форма,
– пред сѐ, законска форма –
на нејзините одлуки,
на нејзината младост, на нејзината иднина и
на молителите што се обраќаат кон неа.

Портокалов елек за спасување е хибрисот на нашето време.
…и Немезис што надоаѓа…

АвторТелос Филис
2024-05-12T11:54:11+00:00 мај 12th, 2024|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 153|