Паднатите лисја се тркалаат
по асфалтот, полека менувајќи
ја бојата, од зелена кон темнокафеава.
Сè повеќе личат
на детски лица во самракот, кога денот одминува.
Толку пати си го видел ова дрво
што се покорува на твојот поглед,
рамнодушно, со смирен здив.
Жилите, ткивото, соковите што
го хранат ова тело што се извива
и бега од прегратката во која
го стега твојата свест. Можеби не гледаш
но дрвото гледа право
во твоите очи.