Воислав Карановиќ

/Воислав Карановиќ
Воислав Карановиќ 2018-08-21T17:17:56+00:00

Project Description

Воислав Карановиќ е роден 01.01.1961 година во Суботица. Дипломирал на групата југословенска и општа книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Пишува поезија, есеи, радио-драми и преведува од англиски јазик. Поезијата му е преведувана на повеќе јазици. Работи како уредник на драмската програма на Радио Нови Сад. Живее во Нови Сад.
Ги објавил следните збирки поезија: Тастатура (1986), Записник од будењето (1989), Жива решетка (1991), Стрмни глетки (1994), Син на земјата (2000), Светлината ита (2003) и Здивот на нештата (2005).
За книгата Син на земјата ги добил наградите „Бранко Ќопиќ“ и „Бранко Миљковиќ“, а за Светлината ита Виталовата награда „Златен сончоглед“ и наградата „Меша Селимовиќ“. Во 2005 година ја добил наградата „Владислав Петковиќ Дис“ за целокупното поетско творештво.

Related Articles