Неделата е само вечност
задавена
од влакно
Стебленца од машината за пишување
Иглички од трепет
Вдовица
Вода
Вага
Постелата ширум се отвора
Добредојден си
Сé додека трае боцкавиот
танц со сламените цвеќиња
Превод од словачки на англиски: Павел Лукач.
Избор и превод од англиски: Магдалена Хорват.
Препев од словачки на македонски: Звонко Танески.