„… па велам, убаво е да се создава таква чиста
и сурова поезија…“
Ото Толнај
Така – дури побожно да се потшепне. Да се излезе,
да се влезе во каменот.
Преку допирите – врз кременот, врз гранитот – да се оближи гласот.
Во песокот
и во чакалот да се ора, со бел (мр)амор
да се загрева (себеси);
да се соедини во карпата, кајшто
пламенот постојано господари…
Во лискунот бдее изгревот
на сонцето, во базалтот
демне лавата;
главата,
домот,
улиштето.
Само така – со актот на Б-О-Ж-И-Ц-А-Т-А – речното корито на времето
да се заведува;
кон потеклото? Назад? До точката Ништо? Директно кон семето
на прото-видовите…! Сме м(и/а)кроскопски, сме
аква- и гео-
топични, сме. Додека не ни се расцепи
незапирливиот и сурово орфејскиот
календар на ужасот –
Идентитетот на рибите во струк-
турата на градините според
методот: coitus;
A.D. MMVI,
spiritus
sanc-
ti.
(На Умберто Ортега Виласењор; ноември 2006)
Превод од словачки: Звонко Танески