Дарја Коцјанчич: Резервирано за пилоти
многумина сакаме повеќе –
прошетка на ветрот по небото на рибникот
сè до елката
создадени
од зелени пејзажи
си џивкаат
разгледница од море
врз расклатената маса
се истура кафе
од златните бранувања – тело
и небо и море
оваа вечер
длабоки синила –
еластичност на бранот
врз искривите крилја на галебот
меѓу прстите синило мало –
галебот на небото го следат
нежни мисли
резервирано за пилоти:
зад облаците
побелено сонце
ветар во пукнатините на џамот –
цигара
со вкус на самотија
свеќа за Лана
згасната во ударот
на морскиот ветар
(Посветено на милата Лана, жртва на семејно насилство)
романса на платното –
седиштето покрај мене
останува празно
цртеж со јаглен:
во меките движења
тлеела љубовта
бакнеж, бакнеж…
разговор во ритмот
на жиш-црвената
вечер во пивницата:
ти и јас
и еднодневната мува
Превод од словенечки: Лидија Димковска