Дарја Коцјанчич е една од најдобрите словенечки поетеси на хаику поезија. Со сензибилитетот што го поседуваат нејзините песни ги зафаќа (речиси) сите области од нејзиниот живот: социјалните односи, односот кон природата, околината, нејзиното опкружување и пред сè кон самата себе – самосвеста. Иако обично не ја почитува класичната форма 5/7/5 слога, нејзиниот хаику има прилично класични елементи:
хумор што понекогаш прераснува во (само)иронија
вечер во пивницата:
ти и јас
и еднодневната мува
чекори пред вратата –
бегалецот дава што има:
беззаба насмевка
чувство на самотија (јапонско саби)
романса на платното –
седиштето до мене
останува празно
ветар во пукнатините на џамот
цигара со вкус
на самотија
средба, раз-граничување на два света: во своите хаикуа мајсторски ги опфаќа миговите на средби на два (навидум одвоени, различни) света: внатрешниот и надворешниот или духовниот и материјалниот; реалниот и фиктивниот или уметничкиот; субјективниот и објективниот…
разгледница од море:
врз расклатената маса
се истура кафе
продавница на часовници:
секој купувач го покажува
своето време
Да се видиш и да се доживееш себеси и настаните во светот истовремено како ЕДНО и како поединечна појава истовремено е и точка на самосвест и точка на творештво и на создавање; тоа е роден крај на хаикуто и на уметноста како таква. Во оваа „точка“ авторката се чувствува на свое и суверено, затоа од нејзината поезија провејува топлина и оригиналност.
На меѓународните конкурси за хаику поезија што ги распишува Апокалипса досега освоила две награди. Во 1999 го. наградата ја освои за следниот хаику:
на брегот / јато галеби / и разврескани девојчиња
а во 2001 год. за следниот хаику:
дремка во автомобилот / зад ветробранското стакло / рој ѕвезди
Во последните години на конкурсот учествува како членка на жирито.
Освен со хаику се занимава и со цртање на хаиги, цртежи кои „го дополнуваат“ хаикуто.
„Резервирано за пилоти“ е нејзина прва книга хаику. На Интернет ја објавила (двојазично) збирката „Деца на оргазмот“
Крањ, 5.7.2004