ЗОШТО ЏЕНАТ ДРЕКОВИЌ И „НЕГОВИОТ ЗАТВОР“

/, Галерија, Блесок бр. 117/ЗОШТО ЏЕНАТ ДРЕКОВИЌ И „НЕГОВИОТ ЗАТВОР“

ЗОШТО ЏЕНАТ ДРЕКОВИЌ И „НЕГОВИОТ ЗАТВОР“

ЗОШТО ЏЕНАТ ДРЕКОВИЌ И „НЕГОВИОТ ЗАТВОР“


Во текот на својата професионална кариера, Џенат Дрековиќ работел на многу проекти поврзани со документарната фотографија. Овој проект, за мене, е еден од позначајните, зашто иако навидум ни пружа на увид вообичаени фотографии со затворска содржина, успева да го прошири поимот затвор од црнината/темнината, како стереотип на овој вид фотографии, кон белилото и бледото сивило и да му даде друга димензија. Односно, светлите тонови да ги „затвори“ во темната гама и да ни ја предаде целата смисла или бесмисла на казната.

Според „Надзор и казна“ на Фуко, организираните казнувања во општеството историски започнуваат со казнување на телото како физикус (со черечење, каменување и други видови сурови начини на „освета“ кон прекршителот на општоприфатените норми, кои секако, се изведени и на јавен простор, пред многу публика која се забавува) и полека преминуваат кон казна во затворен простор, далеку од очите на публиката, зашто овојпат се казнува „душата“, со долги затворски казни во затворени – ограничени простори на живеење. Значи, целта не е само да се спречи прекршителот да не прави други дела против општествено прифатените норми, туку и да се казни така што ќе биде ставен во друштво со „исти како него“ во „ист, таков, ограничен простор“ резервиран само за нив.

Белото и светло-сивото нијансирање во фотографиите на Дрековиќ всушност покажува и комбинација на оние првични казнувања со современите, постигнати овој пат со поинакви, пософистицирани средства – со употреба на медиуми и прекршување на презумпцијата на невиност и долги притвори. Така, овие нијанси, метафорично ни укажуваат на тенденциите на меѓусебните пресметки на политичарите во земјите од транзиционата зона на пост-комунистичкото уредување, и современиот пост(нео)-колонијализам. Тие им даваат некакво еуфемистично толкување на вистинските превирања во суровата борбата за присвојување на капиталот, имплицирајќи дека истовремено не е сѐ „така црно“.

Третиот момент е за мене и најважниот. Затворот во бели и светли тонови. Затворот во кој се чувствувате беспомошно, но некако удобно. Тоа е вашата земја, просторот на кој сте горди и го сакате. Но, тоа е и просторот во кој сте оградени и осудени на можеби „вечна транзиција“. Просторот за кој ве убедуваат дека е назаден и неразвиен, а за тоа сте виновни вие; просторот за кој ви всадуваат чувство на вина.

Белиот затвор, метафора на само-обвинување кое се стреми кон себепрезир и самоказна.

ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T13:01:30+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 117|