#1 Центарот за современи уметности во 2002/2003, во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, ја воведе годишната награда за најдобар млад ликовен уметник во Република Македонија до 35 години.
#4 Наградата се доделува годишно. Процесот на доделувањето на наградата се состои од неколку фази:
– Селекција на 4 номинирани уметници,
– Групна изложба на 4-те номинирани уметници,
– Стипендија за престој во САД за авторот /авторката на награденото дело.
#9 Начинот на селекцијата е поделен во две фази:
– Номинации на уметници за наградата, од страна на реномирани критичари на уметноста од Македонија и
– Конечна селекција на номинираните уметници, од страна на Одборот за наградата, по разгледувањето на номинациите на критичарите на уметноста.
#13 Првонаградениот добива стипендија од шест неделен престој во International studio во Њујорк.
Центарот за современи уметности е одговорен за подготовките и организацијата на сите домашни настани, додека за стипендијата во САД е одговорна Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк.
Жирито во состав Оливер Мусовиќ, Христијан Панев и Атанас Ботев, одлучи наградата ДЕНЕС за 2007 година да му ја додели на Борис Петровски за делото Изобличувања.