И еве пак почнува летото
и јас излегувам на Црна
на една плоча од коритото
ја спуштам ногава
и вжештениот камен ја пие
студената ’рѓа на реомата.
Иако нечиста и матна
матицата на реката им годи на очиве,
таа ги одвлекува
едно по едно зелените стакла –
(студените морници)
складирани во мене во скудните зимски ноќи
во робијашница.