Смртта на воинот

/, Блесок бр. 03/Смртта на воинот

Смртта на воинот

Ковчек
Пенелопа
Кајмакчалан
Смртта на војникот (слика од детство)
Статуа 1
Тавтабити
Реома
Персефона

Ја најдоа облеана во својот сјај
подалеку од храмот
среде распарчени глини.
Однатре ѝ бликаа потоци
на дамнешната зора.
Со тело што може да побуди
рака и мисла во скриен молк,
таа беше откриена на дело!
Наоколу пролетта со живи букви
ѝ го разлистуваше името:
на усните ѝ сипеше младост,
по косата мирис од крин,
во прстите разлеано сребро…
Со извалкани тела од возбуда
пред светиот Олтар
каменувани од времето
поетите ѝ ја читаа пресудата
клекнати на влажно тло,
каде што ликуваше природата.

АвторЈован Котески
2018-08-21T17:22:15+00:00 јуни 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 03|