Песната и пеперугата

/, Поезија/Песната и пеперугата

Песната и пеперугата

Песната и пеперугата (метаморфоза)
Блиска е ноќта во која ќе отпочинам
Мермер (столб)
Симнување од крстот (фреска)
Влегување во Ерусалим (фреска)
Одиме за рака фатени
Облаци
Килим

Ми ги зголемува зениците
Ми влегува в душа плавно и сочно
А јас, не знам зошто, изустувам:
Судбина.

Мајко моја,
Ти што ги ткаеше своите дамари
Во шарени мигови од тага и живот
Не ја заборави мојата стемнета става
Ни моето колнато јагне.

Кога легнувам врз преѓата
Чувствувам како два небесни зрака
Ме креваат во пределот
На вечното и
Бесконечното.

Нерези, 1984

АвторМихаил Ренџов
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Поезија|