Она што недостасува

/, Блесок бр. 70/Она што недостасува

Она што недостасува

Гледајќи те
Детето
Љубовникот
Она што недостасува
Загубениот свет на Блискиот Исток

Дури сонцето безгрижно се шетка низ Газа
Сенките се издолжуваат со децении,
а плашливиот живот каска…

Минаа долги денови откако последен пат
се отвори гостинската соба.
Таа е изморена од чекање, жената со еден преостанат
црн прамен коса,
но си зборува како кога првпат пречекувала гости.

Дури таа ја брише прашината од нив,
луѓето на фотографиите избледнуваат.
Иако секогаш е наместен,
таа секој ден го средува креветот.

Дождот кој истура врз Тел Авив
наскоро ќе дојде и во нејзината градина.
Зашто, меѓу Палестина и небото
никој не може
да изгради ѕид

Но сепак… ѝ здодеа да чека.

АвторЕфе Дујан
2018-08-21T17:21:03+00:00 февруари 14th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 70|