Она што недостасува

/, Блесок бр. 70/Она што недостасува

Она што недостасува

Гледајќи те
Детето
Љубовникот
Она што недостасува
Загубениот свет на Блискиот Исток

Кој ли го избра овој мебел на нашиот живот?
Ајде сè да исфрлиме.
Во овој дом, твоето тело ми е доволно.

Дрвјата во Истанбул
Се преплетуваат во нашите бакнежи.

Немаме заедничка фотографија
и никој не може да нè види –
но јас и ти, ние се гледаме.

Музиката не ја паметам, ниту пак себеси.
На колку дела и да ја делам толпата,
пак ти преостануваш.

Ниеден град не е предалеку од друг –
Зарем тоа не се неколку милиметри од картата на светот?
Нека оној чие сонце изгрее прво
го разбуди другиот.

Те бакнав еднаш.
Траеше со денови.
Ако не си на моите усни, не си хоризонт.
Го бараш она што во твојот дом недостасува.
Дали сум тоа јас?

АвторЕфе Дујан
2018-08-21T17:21:03+00:00 февруари 14th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 70|