Толку се зближив со својата осама
што престанав да ја одбегнувам
и ми стана мила, како жив човек
или немо животинче
Ми доаѓа некогаш дури и
да зборувам со неа
но тоа не го правам
зашто таа нема да одговори
не може да одговори
не смее да одговори
инаку не би била осама