Избор и препев од бугарски: Никола Маџиров
Еве што кажа оној маж
додека чекаше на тезгето
Оној што сè осознал
секогаш е облечен во црно
јас не пијам налевам за душата моја
чувте секоја секунда
толку и толку клетки
експлодираат во нашите мозоци
секоја минута мртовци
секој ден погреби
дожд кал и пијани гробари
јас не сум поп но нужно е
да си бидам поп самиот себеси
да лелекам над сопствената смрт
да бидам гробар и гробишта
фортинбрас на сопственото тело
и веќе не пијам налевам за душата моја
сепак сами си го должиме ритуалот