Некаков крај

/, Блесок бр. 29/Некаков крај

Некаков крај

Ритуалот
Вести
Girl
* * *
Некаков крај
Татковата куќа
Одеон

Таа го затвора весникот и вели:
прочита ли, во Ајова
се истурил град – парчиња
како топчињата за голф.
Така е, велам, бидејќи
таму претеруваат со голфот,
изгубени се многу топчиња
и тие сега се враќаат,
Тој им ги враќа топчињата,
разбираш ли, Оној шегаџијата.
Но таа не се насмевнува,
се свртува и згрозено вели:

Тој секогаш погодува.

АвторГеорги Господинов
2018-08-21T17:21:45+00:00 ноември 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 29|