Зошто ли дојде?

Зошто ли дојде?

Зло
Почитта кон Маркс
ЕКГ
Тоа е добро
Писоци
Зошто ли дојде?
Семеен портрет
Одделенија


Жена и дете, бледи зашто фотографијата не била исчистена од фиксирот. Жената не се насмевнува (иако не знаела дека ќе умре само четириесет и седум дена подоцна). Девојчето не се насмевнува (иако не знаело што е тоа смрт). Жената има исти усни и веѓи како девојчето (девојчето има нос како човекот кој засекогаш ќе остане вон рамката). Раката на жената е врз рамото на детето, раката на детето е во тупаница (не од лутина туку зашто држи половинка бонбон). Часовникот на
жената не работи, има широко ременче (демоде во 1974 год.), а фустанчето на девојчето не е од египетски памук (Насер, кој произведуваше од игла до ракета, умре пред многу години). Чевлите се увезени од Газа (а како што знаете Газа веќе долго не е слободна зона).

АвторИман Мерсал
2022-08-31T20:00:47+00:00 август 29th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 145 - 146|