Зошто ли дојде?

Зошто ли дојде?

Зло
Почитта кон Маркс
ЕКГ
Тоа е добро
Писоци
Зошто ли дојде?
Семеен портрет
Одделенија


Обично прозорците се сиви
и величествени во својата широчина
дозволувајќи му на легнатиот
да гледа во сообраќајот
и во времето надвор.

Обично лекарите имаат шилести носови
и очила
што одржуваат растојание помеѓу себеси и болката.

Обично роднините оставаат
цвеќиња на прагот
барајќи прошка
од своите идни мртви.

Обично жени без накит
чекорат по плочките во ходникот
а синовите стојат под електричната инсталација
фаќајќи ги рентгенските зраци
потврдувајќи дека суровоста може да избледи
само кога родителите би имале повеќе време.

Обично сѐ се повторува
и одделенијата се полнат со нови тела
небаре пунктиран бел дроб
го исфрла сиот светски кислород
оставајќи ги сите овие гради
без здив.

АвторИман Мерсал
2022-08-31T20:00:47+00:00 август 29th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 145 - 146|