Зошто ли дојде таа во Новиот Свет, таа мумија, тема на спектакл
спиејќи во својот целосен орнамент од сива газа,
измислен живот во музејски изложен сандак?
Мислам дека мумифицирањето е спротивно на бесмртноста
зашто еден зачуван леш никогаш нема да стане дел од роза.
Мумијата не ја избрала преселбата, но оние што чекаат во долги редови
пред конзулати и градат куќи во туѓи земји
сè уште сонуваат да се вратат дома кога ќе бидат лешеви.
– Морате да нè однесете таму!
Така наредуваат во тестаментите што висат околу вратовите на нивните деца
божем смртта е недозавршен идентитет
што созрева само во погребната приказна на ближните.
Зошто ли дојде?
АвторИман Мерсал