Стоејќи пред светли излози на продавници
во кои се веат женски гаќички
не можам да престанам
да мислам на Маркс.
Почитта кон Маркс
е единствената заедничка точка на сите што ме сакаат,
а јас им дозволувам, на различни нивоа,
да ги зариваат ноктите во памучната кукла
скриена во моето тело.
На Маркс,
на Карл Маркс
никогаш нема да му простам.