Зошто ли дојде?

/, Блесок бр. 87/Зошто ли дојде?

Зошто ли дојде?

Зло
Почитта кон Маркс
ЕКГ
Тоа е добро
Писоци
Зошто ли дојде?
Семеен портрет
Одделенија

Зошто ли дојде таа во Новиот Свет, таа мумија, тема на спектакл
спиејќи во својот целосен орнамент од сива газа,
измислен живот во музејски изложен сандак?
Мислам дека мумифицирањето е спротивно на бесмртноста
зашто еден зачуван леш никогаш нема да стане дел од роза.
Мумијата не ја избрала преселбата, но оние што чекаат во долги редови
пред конзулати и градат куќи во туѓи земји
сè уште сонуваат да се вратат дома кога ќе бидат лешеви.
– Морате да нè однесете таму!
Така наредуваат во тестаментите што висат околу вратовите на нивните деца
божем смртта е недозавршен идентитет
што созрева само во погребната приказна на ближните.

АвторИман Мерсал
2018-08-21T17:20:51+00:00 декември 16th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 87|