Жртвен јарец

/, Поезија/Жртвен јарец

Жртвен јарец

Жртвен јарец
Славејот пак меѓу нас
Крајот како нов почеток
Потсетник
Свидетел
Во потрага по генот
Орелот на прометеј
Остров на копно

Кој вели дека сме немале море?
Го немаме сега да ни шлапка пред прагот
но еднаш сме го имале во дворот
па секнало, остатокот ни го зеле
сосе бродовите и нас, бродоломниците…

Кај сме можеле без море!
Изгонети длабоко во копното, останавме (дур не остинеме)
со него во дослух (со папочна врска?) и преку 300 планини…
Што ако сега (како и некогаш) се вика(ло): бело, црно, сино,
тоа си е везден исто и различно: на утре, пладне, вечер…

Важно сè уште е тука, иако заклучано во пештери и потони –
приливот ни татони во сонот, одливот нè заринка во стварност
сушата му е солта, синевината – шир без хоризонт и дно…
Ние сме, всушност, остров заостанат од Потопот на конпо,
глечер меѓу карпи што копни по копнежи

по првобитниот Океан, со траги прекубројни во нас,
од неговото дишење во пулсот од нашите жили,
најодзади – и зошто не? – солената ни крв…
Казна од гревот источник што сме се напиле братска крв –
затоа до ден-денешен морето не се ни пие.

АвторБогомил Ѓузел
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Поезија|