Жртвен јарец

/, Поезија/Жртвен јарец

Жртвен јарец

Жртвен јарец
Славејот пак меѓу нас
Крајот како нов почеток
Потсетник
Свидетел
Во потрага по генот
Орелот на прометеј
Остров на копно

Славејот пак ни се вратил во градината
и покрај бедата, бојкотот и блиската војна

Зошто само тој знае. Му се допаднале ли дрвјата
(што мислевме да ги исечеме) или друштвото

од косови и страчки, од гугутки и деца,
или кладенецот од цевката пукната во дворот

Неговите газди? Доколку, се разбира, не го избркаме
како лани, кога од пеењето соседот не можел да заспие.

Но замолкна откога си најде друшка, градејќи гнездо.
Сега се вратил повторно да си го најде невидливо.

А што ли само нас нè снајде во меѓувреме
за тоа тој нема ни поим, ниту пак го засега

додека му се дрвјата, џбуњето и сè друго
што му се допаѓа. Заклучно, можеби, со нас

што лани не ни забележавме како го снема
(како што нема ни да забележат кога ќе нè снема нас)

На тоа сега нè потсетил неговиот пој
одеднаш сред нашиов продолжен беспокој.

Камо среќа песната да му се преточи во оваа скромна,
а ние догодина пак да си најдеме дома

без стариве сегашни или нови други / туѓи стопани
и да си пееме како ништо и да не било

од што соседите би заспале поцврсто од кога да е
во иднината под заборав закопани.

АвторБогомил Ѓузел
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Поезија|