Битие

Битие

Битие
Време и простор. Движење IV
Четири ѕвезди
Судбина
Погреб

Во оваа нова земја сè
е толку чудно.
Насекаде само полиња со
памук што го берат издресирани
мајмуни.
Од службата за изнајмување
магариња изнајмувам едно
(за десет бакарни парички)
што го знае патот до
градот.
По улиците на градот се
шетаат само голи жени
кои имаат опавчиња и
со нив ги бркаат мувите.

Влегувам во една кафеана
на која пишува: „Служиме само
млеко“. До мене доаѓа
една од оние голи жени
со опавчиња:
Молзејќи се самата себеси
наполнува голема чаша и ми ја
подава.

Навистина е вкусно ова
млеко!

АвторЕмил Калешковски
2018-08-21T17:21:58+00:00 февруари 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 19|