Битие

Битие

Битие
Време и простор. Движење IV
Четири ѕвезди
Судбина
Погреб

По улицата
се тркалаат детски
глави
со кои војниците
си играат како
со кокалчиња.

Блудните девојки
ги раѓаат секојдневно.

Сепак судбината им е заедничка:
Сите ги проголтува
страшниот змеј
кој живее на дното
од реката.

АвторЕмил Калешковски
2018-08-21T17:21:58+00:00 февруари 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 19|