Две војски се гледаат
никоја да попушти
Секој војник од едната страна
фатил непола месечина
другите немаат ништо
барем до негде да побегнат
А толку многу ги има
што сенките си ги смешале
Над нив сончеви улишта
му пеат химни на летото
(До небото земјата гори
носете го изворот в стомни)
Две војски се борат
помалата победува.