Препев од англиски: Магдалена Хорват
секој ден легендарна потрага по изгубениот
плач на децата во шумата
секој ден жена ја напушта куќата
влегува во шумата барајќи си ги децата
секој ден се вљубува во дрво
води љубов со него и се враќа дома пред да се стемни
секој ден жена го напушта домот
влегува во шумата барајќи си ги децата
секој ден ги замотува рацете околу стебло
се трие од него сè дури дрвото не се затресе
сè дури таа не стане јаже од коса
па се враќа дома пред да се стемни
жена што си ги бара децата
влегува во шума но во неа нема дрвја
продолжува да оди до другиот крај
сребрен и светкав
пред неа чакалот е светкав