Широко дигитално речиси небо

/, Блесок бр. 40/Широко дигитално речиси небо

Широко дигитално речиси небо

немаше друга намера објава
за Хедер
Во мојата тишина за да оправдам
Со години
Потоа
Во мојата земја
Садиикии

вистина е
на гробиштата најмеката трева на која ќе легнеш
е жена
врз која многупати сум се тркалал и преку
усни на ангелските мртви
но ноќва
ги влечам моите мрачни коски отспротива суводолот
за да ти ги испијам нозете
нема никаков сонлив изглед на невиност
на нејзиното лице што се претвора во камен
во нејзините гради нема долина што јачи
дојдов тука да го отспијам апсолутниот сон
на крилја што се креваат во твојот здив
без корен влажно зелено во устата ноќе

АвторКрег Чури
2018-08-21T17:21:34+00:00 јануари 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 40|