Превод од англиски: Македонка Божиновска
гулабите стивнаа
тигрите прилегнаа
и волот сега ора.
Камилата го исфрли својот јавач
што умира од жед
и продолжи сама.
Спиј
змијата сонува за друг
отров
лошиот дух ги проголта
децата што мечтаат
а баба ми
направи перниче
од сказните што ги љубевме.
Спиј
земјата е твојата палата
а твојата тераса
е седмото небо.