Спиј

Спиј
Не вели ништо
Благодарам
Од каде доаѓа оваа болка
Еве ме
Чекај

Влези тивко
Времето е наместено за разен вид
забави
како сркање на хоризонтот со
лажица
или како човек што им мавта на
патниците
пожелувајќи им збогум.
Доволно време за мене и тебе.
Осаменоста
е апсолутен владетел
што пребира по специјалитетите
со вилушка и нож.

АвторФарај Бу ал-Иша
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|