Project Description
![Калина Изабела Зиола](https://blesok.mk/wp-content/uploads/2024/01/420091507_1435120817389712_3386919033734037439_n.png)
Калина Изабела Зиола – полска поетеса, преведувачка, литературна критичарка. Објавила 20 поетски книги (од кои осум на странски јазици) и една критичко-есеистичка публикација.
Нејзините песни се преведувани на англиски, германски, руски, украински, француски, италијански и многу други јазици. Учествувала на меѓународни поетски фестивали и конференции, како во земјата така и во странство. Добитник е на национални и меѓународни книжевни награди. Член е на Сојузот на полските писатели, на Светската асоцијација на
поети Poetas del Mundo и почесен член на Друштвото на ерменските писатели, Друштвото на независните бугарски писатели, Друштвото на писатели на Македонија, Друштвото на хрватските писатели, Друштвото на украинските писатели.
Член е на Советот на Европскиот медал за поезија и уметност „Хомер“.