Збогум

Збогум

Збогум
Америка
Јазик
Водна музика
* * *
Возраст

Нај јасно
чувство на стапица

како стеснет
фишек во кој си

заглавен па
секое движење

напред просто
те набива уште –

но каде
или баш кога,

па и со кого,
штом сега нема никој

токму со тебе – Токму? Стокмен?
Англиски израз: Стаквен?

Јазик на единствена
имперанца? Танц? Не-

волен гест кон
другите не таму? Што е

лошо ваму? Како
да посегнеш кон

другана страна на која
живеат сите други кога

сега ги гледаш
двајцана доктори, зад

себе, во окото на духот,
како ти го пикаат во чмарот,

или газот, или задникот,
зад тебе, тој вртлив-

-сврдлив-апарат
да види сè, и заклучи

„како изабена внатрешна цевка“
„стара“, празно спуштена, личните

проблеми скраја, мора
да се засече внатре, отсече…

Светот е тркалеста но
смалена топка, сферично

мразно парче, бајат
виц, згаснато

слабо ехо од твојата
бивша себност, но го помни,

некогаш, своето минато, гледа
пријатели, места, отсјаи,

си збори во себе на свиден,
критизерски мрмор.

Сам најсетне.
Стоев толку близу

до тебе што можев
да посегнам и

да те допрам баш
кога се пре-

врте и почна да
крчиш не непривлечно

не никогаш не помалку
привлечно, љубов моја,

моја љубов – но во ова
љубопитно светлечко темно, во

крајнава празнотија, ти, ти, ти
си клучната, чуј го

јачкавиот грб од
разговоров, приближувачките

уплави кога можам
да престанам да сум јас, сиот

загубен или подобро затрупан
тука во некоја ретроградна,

изместена, имплодирана
себност, неупотребливост

што збори, дури и ако конечно никому,
зборува ли зборува

(Од Одбраните песни, 1991)

АвторРоберт Крили
2018-08-21T17:21:32+00:00 мај 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 42|