Пред да се убијат меѓусебе,
вежбаа со години
да ловат еребици;
да фрлаат камчиња во воздух,
бележејќи ги со куршуми.
Вежбаа да ги кубат крилјата на птиците
да прават метли од пердувите.
Пробаа да одгледуваат пердуви врз рацете,
да се претворат во птици.
Потоа умреа,
како уловени птици.
Животот таму
АвторВади Садех