Трошејќи го времето,
тој скицираше вазна.
Нацрта цвеќе во вазната.
Мирис се крена од хартијата.
Нацрта бокал.
Откако голтна малку вода,
го поли цвеќето.
Нацрта соба
со кревет,
потоа заспа.
Кога се разбуди
нацрта океан,
океан без дно,
што го проголта.
Животот таму
АвторВади Садех