Тој седна на балконот
обидувајќи се да ги допре прстите на ветрот
што си играше со неговата коса.
Кога ветрот ќе подместеше цвет
велеше дека е нечија рака.
Кога молња ќе светнеше преку небото
велеше дека е нечиј поглед,
насмевка што можеби
ги оставила усните
да дојдат да си одморат со него.
Тој седна на балконот
обидувајќи се да помисли на некои луѓе
да ги пополни празните столови околу него.
Животот таму
АвторВади Садех