„Сигурно избегала
од нечиј кафез“
вели мојата девојка
за шарената птица
врз липата
Подоцна дознав
оти птицата дошла од друг свет
по својата љубов
затворена во нечиј кафез
Ја гледам мојата девојка
со метални сенки врз лицето.
„Сигурно избегала
од нечиј кафез“
вели мојата девојка
за шарената птица
врз липата
Подоцна дознав
оти птицата дошла од друг свет
по својата љубов
затворена во нечиј кафез
Ја гледам мојата девојка
со метални сенки врз лицето.